Денес завршни зборови на Заев и пресуда за случајот „Поткуп“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес во Кривичниот суд во Скопје е закажано судското рочиште за случајот „Поткуп“ во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев, а на кое ќе бидат изнесени завршните зборови, после што судијата Дарко Тодоровски треба да ја изрече пресудата.

Заев пред судот рече дека е невин и дека станува збор за местенка организирана од тогашната власт за да се спречи објавувањето на бомбите. Целосната снимка, обезбедена со посебни истражни мерки поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена без присуство на јавноста. Заев побара снимката од пи-мерките да се пушти во присуство на јавноста, но Апелацискиот суд тоа не го дозволи.

Обвинителството го обвини Заев дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, кој сведочеше во постапката. Првото рочиште за овој случај се одржа на 25 јануари 2016 година, што значи дека судењето за Заев траеше 2 години и 3,5 месеци.