Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев со почеток во 15:25 часот ќе учествува на отворањето на самитот „Македонија 2025“, кој ќе се пренесува во живо на Националниот телевизиски сервис.
На првиот ден од Самитот, на панел сесија на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“, премиерот Заев ќе дебатира заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, а најавено е и онлајн вклучување на Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во земјава.
Годишниот деветти самит „Македонија 2025“ ќе се одржи во хибриден формат, од 01-03 декември 2020 година. Повеќе информации за Самитот може да погледнете на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/summit/.