Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Кривичниот суд во Скопје денес се очекува да биде изречена пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за случај од времето кога беше градоначалник на Струмица. Според обвинението, Заев додека бил градоначалник на Струмица од бинисменот Никола Николов Сачевалиев побарал поткуп за продажба на земјиште во струмичко.
Со преквалификацијата на делото, видеото снимено со посебни истражни мерки во кабинетот на Заев додека ја води Струмица, нема да биде доказ. Промената на обвининието ја намали и предвидената евентуална затворска казна за „Поткуп“ од претходните најмалку пет, на една до пет години казна затвор.
Во среда, скопска единица треба да ја соопшти и првата пресуда каде обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Процесот за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес од 600 илјади евра заврши, а освен Груевски обвинет е и поранешниот помошник-министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски. Ако се усвои барањето на СЈО, на Груевски му се заканува казна затвор од една до три години додека на Поповски минимум пет.
Во вторник пак, пресуда е закажана и за случајот „Триста“. Ова се однесува на набавката на триста возила за полицијата, претежно шкода јети. Повторно и тука е обвинет Ѓоко Поповски кој беше задолжен за јавни набавки во полицијата додека министерството го водеше ВМРО – ДПМНЕ.
Во завршните зборови, Поповски посочи дека додека траела судската постапка му се вршеле притисоци, ама сепак не откри од кој центар на моќ доаѓале заканите. Тој за залоупотреба на службената положба во овој случај се соочува со можна затворска казна од 4 до 15 години и барање на СЈО да врати речиси половина милион евра.
Сепак Груевски и Заев, доколку бидат осудени во случаите каде се обвинети, можат да се извлечат и само со условни казни поради тоа што претходно не се осудувани. Оваа олеснителна опција не е во игра за Ѓоко Поповски поради должината на можната казна. За сите тројца, освен осуда, постои и можност за ослободителна пресуда.