Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Развојната технологија и новите методи на истражување нудат можност за тврдењето дека знаеме речиси сè за древните народи.
Но, колку повеќе учиме за нивниот секојдневен живот, толку повеќе не шокираат, бидејќи некои секојдневни пракси и навики на тие наши општествени предци биле премногу бизарни за нашите современи стандарди.
Сулфур за фарбање на косата
Луѓето си ги фарбале косите уште од најстари времиња, но недостатокот на знаење во областа на хемијата и погрешната употреба на погрешни работи понекогаш знаела да се одрази на здравјето. Нашите предци користеле и билки и препарати со растително потекло за фарбање на косата, но тие немале долготраен ефект. Грците и Римјаните, со цел трајно да си ги обојат косите, користеле трајна боја за коса која била изработена од разни хемикалии, меѓу кои и сулфур.
Стакло и гума во градите
Од стари времиња, жените користеле разни начини за да ја подобрат својата убавина. Од тоа не биле исклучени и градите. Некои жени правеле тропски третмани или ставале домашна „крема за зголемување“ на градите со цел тие да добијат поголеми димензии. Други ги масирале со кокосово масло. А првата оперативна корекција на женски гради е направена во 1895 година од страна на Винченц Церни. После тоа, лекарите користеле различни материјали за зголемување на градите меѓу кои стаклени топки, мелена гума и други „полнила“.
Животински измет за медицински третмани
Можеби звучи одвратно, но факт е дека древните народи го користеле изметот од некои животни за лечење на разни болести. Пример, жените во Стара Грција верувале дека крокодилскиот измет може да се користи како моќно контрацептивно средство и си го вметнувале во вагината.
Во древен Египет, пак, воините користеле животински измет врз раните. Овчијот измет бил користен во шкотската народна медицина за лечење на големи сипаници, а свежиот свински измет за одзатнување на носот.
Дупчење на черепот при истерување на зли духови
Лекарите отсекогаш биле најљубопитни кога станува збор за човечкото тело и користеле неколку „докажани“ методи за лечење на многу болести. Еден од тие методи бил и продупчување на черепот.
Лекарите верувале дека со отворање дупка во черепот можат да се лечат болести како конвулзија, главоболка и инфекции. Тоа убедување го имале бидејќи верувале дека различните болести се предизвикани од разни зли духови заробени во човечката глава, па дупчеле дупки во черепот за да им дозволат на духовите да излезат.
За среќа, оваа пракса била целосно напуштена до крајот на Средниот век. Темелното истражување на некои пронајдени черепи покажало дека некои пациенти успеале да преживеат после овие екстремни методи на лекување.
Жените не смееле да плачат на погреби
Ритуалното погребување во древен Рим започнувало со процесија по градските улици. Расплаканите роднини ја следеле процесијата на покојниот. Колку повеќе луѓе присуствувале на погребот, толку повеќе била почитувана личноста. Понекогаш семејствата на починатиот ангажирале посебни жени кои плачеле на погреби за да ги импресионираат присутните на ритуалот.
За нивната тага да биде уверлива, жените си ги гребеле и образите за да пуштат крв. Подоцна, оваа традиција била премногу екстремна и негативна. На луѓето не им било дозволувано да ангажираат „експертки за плачење“ бидејќи нивното оплакување „привлекувало премногу силни емоции кои биле неспоиви со идејата за тивок живот на граѓаните“.
Татковците имале право да ги убијат љубовниците на ќерките
Татковците имале моќно влијание врз цело семејство, а посебно врз своите немажени ќерки. Всушност, имале право да изберат добар маж за своите ќерки кој ќе им биде животен сопатник, без воопшто да ги прашаат за согласност девојките.
Правилата биле многу строги, а ќерката немала право да биде интимна со некој маж пред бракот. Таткото имал законско право да го убие љубовникот на својата ќерка, па дури да ја убие и неа, ако ги фател да прават забранети работи. Ако го убиел само еден од љубовниците, би можел да биде обвинет за убиство. Интересен факт е дека римската жена секогаш припаѓала на татковото семејство, дури и после бракот.
Лук за тестирање за бременост
Недостатокот на детално медицинско знаење во областа на анатомијата не им давало можност на лекарите да кажат зошто некои жени можат да имаат деца, а некои не можат да забременат. Меѓутоа, тие користеле неколку природни методи за тестирање за бременост.
Во 1350 година пред Христа, на жените им советувале да навлажнат семе од пченица со својата урина. Ако семето про’рти, тогаш таа е бремена. Друг начин за правење тест за бременост било ставање на лук или кромид во нејзината вагина. Следното утро, лекарот ќе го мириснел здивот од жената и ако можел да го почувствува мирисот на лукот или кромидот, тврдел дека жената е бремена.
Јавно бањање
Веќе знаете дека жителите на Стар Рим ги користеле сите можни средства за да ја подобрат својата лична хигиена. Редовно присуствувале на јавни бањања и користеле санитарни препарати. Но, само неколкумина многу богати луѓе можеле да си дозволат приватна бања или тоалет во својата куќа. Другите 95 насто од граѓаните користеле јавни санитарни чворови кои биле изработени од долги масивни камења или дрва со дупки на дното.