Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новите членови на Државната изборна комисија, кои беа избрани минатата недела, денес во Собранието на Македонија денеска треба да дадат свечени изјави.
Со тоа се создаваат и формални услови за организирање референдум за името. Седница за ова прашање официјално не е најавена, иако 30 јули се посочуваше како еден од крајните датуми за распишување на референдумот со цел тој да се одржи на 30 септември.
Според Законот, референдум на државно ниво распишува Собранието и тоа по сопствена иницијатива и по предлог на најмалку 150 илјади граѓани. Предлогот за распишување референдум на државно ниво со образложение се поднесува до претседателот на Собранието , кој е должен во рок од 30 дена да донесе одлука за распишување на референдум. Одлуката потоа се објавува во Службен весник и други средства за јавно информирање. Од денот на објавувањето до одржувањето на референдумот не можат да поминат помалку од 60, ниту повеќе од 90 дена.
Нема официјална информацијадали владејачките партии и опозицијата ги имаат усогласено ставовите околу референдумското прашање за кое имаа најголеми разлики.