Денес во неколку градови протести против најавеното поскапување на струјата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, 6 август, со почеток во 19 часот, во неколку градови и општини ќе се одржат протести против поскапувањето на цената на електричната енергија. Протести ќе се одржат во Чаир (Скопје), Тетово, Куманово и Гостивар, а по социјалните мрежи се најавуваат и протести и во други градови, пренесува Гласник.

Иницијативата „Сакаме чист Чаир“ се јавува како организатор на утрешниот протест во Чаир во 19.00 часот во паркот во Чаир. Протестот се однесува на најавеното поскапување од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на просечната цена на елетричната енергија универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ од 7.4%.

Организаторите на најавениот протест на фејсбук настанот нагласуваат:

„Ве покануваме да учествувате на протестот во 19 часот во паркот Чаир на 06.08.2020 година за да го изразиме нашиот револт против зголемувањето на цената на електричната енергија и компаниите вклучени во енергетската мрежа што ги ограбуваат граѓаните на Република Северна Македонија“ истакнуваат од иницијативата.

Протести ќе се одржат и во неколу други градови во исто време во Тетово во плоштадот Илирија, во Куманово и во Гостивар. Протестот во Чаир ќе се одржи во паркот на Чаир во 19 часот.

Оние граѓани кои планираат да земат учество во протестот, се замолуваат да бидат принципиелни и да ги следат протоколите предложени од Комисијата за заразни болести и да внимаваат на физичката дистанца и носењето маски поради пандемијата со коронавирусот.