Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според претходните најави на Министерството за здравство, денеска во Македонија треба да пристигнат нови количини на вакцините против ковид-19 од „АстраЗенека“.
-На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека”, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил .
Донацијата од шест илјади вакцини „Астра-Зенека“, што македонските гранични полицајци ја добија од Унгарија, нема да заврши кај нив, затоа што повеќето се помлади од 60 години, а за таа возрасна категорија во земјава е забрането да се примаат вакцини од овој производител, пренесува Слободен печат.
Како што дознава Слободен печат, решено е подарените дози од „Астра-Зенека“ да му бидат предадени на Министерството за здравство, а министерството како замена на граничната полиција ќе и даде вакцини од „Синофарм“, кои може да се аплицираат на помлади од 60 години, какви што се поголемиот број граничните полициски службеници.
„Припадниците на полицијата не се вакцинираат на територијата на Република Србија. МВР доби донација од Унгарија од 6.000 дози од вакцината Астра-Зенека кои нема да бидат наменети за припадниците на полицијата, туку за нив ќе бидат обезбедени 6 илјади дози вакцини Синофарм, а вакцините од донацијата ќе бидат искористени за вакцинација и ревакцинација на граѓани над 60 годишна возраст”, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.