Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Во тек е трансплантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри. Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја“, објави министерот за здравство Венко Филипче кој претходно информираше за текот на експлантацијата на срце од мртов донор.
Експлантацијата на срце од донорот започна утрово во 6:33 часот. Филипче најави дека таа беше започната по интензивните подготовки во текот на ноќта.
„На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот”, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Во земјава досега се направени две успешни трансплантации на срце.
Минатиот месец срцето на младата девојка Верица Белчовска, која ја загуби битката за живот по сообраќајна несреќа, продолжи да работи и да живее во телото на 22 – годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност. Нејзините бубрези ги добија двајца пациенти на дијализа, а беа трансплантирани и нејзини коски.