Home Актуелно Денес во Кривичен одново почнува судењето на Груевски и Јанкуловска за насилството во Центар

Денес во Кривичен одново почнува судењето на Груевски и Јанкуловска за насилството во Центар

Во кривичниот суд денеска треба да почне од почеток судењето за случајот со насилството пред Општина Центар, во кое првообвинет е експремиерот Никола Груевски, заедно со Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и десетина други лица.

Според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев, предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1. Јосифов го доби предметот од Татјана Михајлова, а со распоредот на Џолев, таа од овој месец суди прекршоци во бараките во Градскиот парк во Скопје.

Името на судијата Јосифов во медиумите почна да се споменува во 2013 година кога како истражен судија правел увид на местото каде што загина новинарот Никола Младенов, сопственикот на неделникот „Фокус“.

Во предметот на СЈО, „Насилство“, четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтобвинетиот Јордан Ристевски признаа вина и добија условни казни, а за обвинетиот Димче Крстев се води издвоена постапка. Другите 11 обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…