Денес во 9:30 часот, Могерини пред пратениците во македонското Собрание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високата ЕУ претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во 9,30 часот во Собранието на Република Македонија ќе има обраќање пред македонските пратеници.

Могерини вчера имаше одвоени средби со државното раководство на Македонија и им ги пренесе информациите за одлуката на Европската Комисија за безусловна препорака за почеток на преговори со ЕУ.

„Се вративте на патот кон Европската Унија. Може да славите, но потоа ве чека работа“, порача Могерини која доцна попладнето ја започна посетата на Македонија.