Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се состанат во Њујорк со Метју Нимиц, медијаторот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името меѓу двете земји.
Димитров синоќа во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. По состанокот на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во минатата недела во Софија, македонскиот премиер изјави дека со неговиот грчки колега разговарал за „обострано прифатливо решение“.
Заев потоа изјави дека поддржува новото име да бида Република Илинденска Македонија. Меѓутоа таа опција во саботата беше отфрлена од лидерите на главните грчки опозициски партии, со објаснување дека терминот Илиндинска бил националистички.