Денес и утре ќе имаме стабилно и суво време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност.

Под влијание на влажен бран в четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини ќе врне снег. Претпладне врнежи ќе има на запад, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови.

В петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено, па слаб снег ќе има и на повисоките места, особено на запад. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.