Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Најавите од УХМР се дека од денес до пладне времето ќе биде сончево и топло, но попладне, претежно во северните делови, ќе има пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температурата ќе достигне до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Поројните дождови ќе траат до вторник, според УХМР, се очекува облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекуваат поинтензивни врнења со пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре ќе опаднат и температурите.