Денес Тереза Меј официјално ја поднесува својата оставка во партијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денес и официјално ќе поднесе својата оставка од лидерската функција во владејачката Конзервативна партија. На премиерското место ќе остане до изборот на нејзин партиски наследник.

Извори блиски на Владата соопштија дека во тој преоден период Меј ќе се занимава со тековни прашања во земјата, но не и со Брегзит, со кој ќе продолжи нејзиниот наследник. Премиерката беше принудена да го одложи Брегзит неколку пати, а последниот поставен рок е 31 октомври.

Мандатот на 62-годишната Тереза Меј трае речиси три години, а го одбележа Брегзитот. Од референдумот во 2017 таа се обидува да најде решение за излез на земјата од ЕУ, но тоа беше дочекано со отпор на пратениците и од нејзината партија и покрај постигнатиот договор со првите луѓе на Европската Унија.

Меѓу 11 кандидати за премиерско место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник на Конзервативната  партија кој бил градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. За време на кампањата за референдум Џонсон беше заговарач на Брегзитот.