Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција беше на распит шефицата на кабинетот на Јанева во СЈО.
Таа е трет вработен во СЈО кој дал исказ во рамки на истрагата за случајот со рекетот во кој осомничени и притворени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески викан Кичеец.
Од обвинителството не откриваат детали од распитот во интерес на истрагата.
Досега не е повикана специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, чиј глас се слуша и во италијанските „бомби“.
Денеска требаше да сведочи и обвинителот надлежен за случајот Поштенска Банка на СЈО, но поради обврски на рочиште за предметот ТНТ, Бурим Рустеми го одложи сведочењето за утре.
Досега сведочеа и обвинителките во СЈО, Лиле Стефанова (надлежна во случајот Империја) и Елизабета Јосифовска (заменик на Јанева во СЈО која потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев).