Денес сончево време со температури до 29 степени


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 6 до 13, а денвната од 21 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и температура од 10 до 27 степени.

Во текот на следната недела во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Помалку услови за нестабилност ќе има во вторник.