Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Временската прогноза за Македонија и денес најавува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 23 Целзиусови степени, Крива Паланка 20, Маврово 13, Охрид 19, Битола 21, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 24…
Утре сѐ уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 18 до 25 степени
Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуват во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури (од 10 до 19 степени).
Прогнозата и за в сабота е променливо облачно, претпладне со локален дожд и температури од 10 до 19 степени.