Денес сончево и многу топло


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останантите слаб до умерен од северозападне правец.

Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Минималните дневни температури ќе се движат во интервал од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде помеѓу 31 и 37 степени.

Скопје Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер. Температурите од 15 до 33 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност има во сабота и во понеделник.