Денес се потпишува пристапниот протокол за НАТО за Северна Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Земјите членки на НАТО, 29 на број, денес во седиштето на организацијата ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На официјалната церемонија е поканет министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој ќе присуствува на свечениот чин на потпишување. Потпишувањето ќе се одвива на ниво на постојани дипломатски претставници на земјите членки.

Од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство.