Денес се навршуваат точно 60 години од Римските договори – двата најважни документи за ЕУ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во саботата, 25 март, Европската унија ја слави 60-годишнината од потпишувањето на Римските договори со кои се става основата на организацијата. Договорите од Рим се два договори на Европската унија, потпишани на 25 март 1957 година во Рим. И двата договори се потпишани од 6 држави: Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција.

Со првиот договор се создава Европската економска заедница (ЕЕЗ), а со вториот – Европската заедница за атомска енергија (Евроатом). Ова се првите меѓународни организации засновани на принципот за наднационалност, по создавањето на Европската заедница за јаглен и челик неколку години порано. Договорите влегуваат во сила на 1 јануари 1958 година, како во договорот за ЕЕЗ се увезени бројни амандмани. Оттогаш името е променето од Договорот за основање на Европската економска заедница на Договорот за основање на Европската заедница. Договорот за Евроатом не е менуван значително имајќи ја во предвид чувствителноста на европската јавност за атомската енергија.

Договорите предвидуваат создавање на заеднички пазар и постепено приближување на деловната политика на земјите-членки (ЕЕЗ), изградба на моќна нуклеарна индустрија и промовирање на процесот за мирно користење на нуклеарната енергија (Евроатом).

Заедно со основачките Договори од Рим е склучена конвенција за заеднички Европски суд и Европски парламент.

Германскиот канцелар и колеги од земјите-членки на Заедницата се собираат во италијанската престолнина, за да го одбележат јубилејот и да ја потврдат својата желба да продолжат со тесната соработка. Во заедничката изјава, која ќе биде распространета по одржувањето на неформалниот самит, се очекува да биде изложена визијата за развојот на ЕУ во следната деценија, потсетува германскиот национален дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Велика Британија нема да биде претставена на состанокот. Следната недела се очекува Лондон да го активира официјално излегувањето  на земјата од структурите на Заедницата.

Во Рим ќе се соберат и илјадници противници на блокот, кои ќе организираат протести против политиките на Брисел.