Денес Русија бира претседател – Путин прв фаворит!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска Русите бираат претседател на државата, а сопред многу истражувања резултатот е извесен – нов мандат на Владимир Путин, кој според анкетите, води со голема разлика пред останатите кандидати.

Според државниот истражувачки центар, за Путин би гласале 69% од гласачите, а следниот кандидат според изјаснувањето на анкетираните, Павел Грудинин од Комунистичката партија, има само една десетина од тоа.

Имено, Путин одржува огромна популарност со години, која од 2012 година порасна за повеќе од 10 отсто, а во текот на целата негова кариера има голема поддршка од јавноста. Според истражувањето на компанијата „Левада Центер“, Путин минатата година имал поддршка од 80 отсто од испитаниците, процент што би го посакал секој западен политичар. Колку за споредба, тоа е двојно повеќе од поддршката што ја ужува американскиот претседател, Доналд Трамп.

Кремљ постави цел дека Путин ќе добие 70 отсто од гласовите на изборите, а одзивот ќе биде 70 отсто, што во Русија не се случило уште од 1991 година. На последните избори за Думата, одзивот на гласачите беше под 50 отсто. На локалните избори, одзивот беше само 28 отсто. „Левада Центер“, пак, проценува дека околу 52 отсто од гласачите ќе излезат на претседателските избори.

И според „Ројтерс“ денешните претседателски избори во Русија нема да донесат изненадување. Се очекува доминација на Владимир Путин, а единственото прашање што се поставува е уште колку долго ќе трае неговото владеење, пишува британската агенција.

Речиси 18 години, овој поранешен разузнавачки агент ја контролира власта во Русија, како претседател или премиер. Според уставот, Путин сега има право на уште шестгодишен мандат. Сепак, не е мал бројот на експерти кој прогнозираат дека Путин би можел да тргне по стапките на кинескиот претседател, Кси Џинпинг, кој едноставно ја укина уставната одредба што го ограничува траењето на мандатот.