Денес расправа во Советот на јавни обвинители по барањето за разрешување на Зврлевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа по барањето од Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, пренесува Макфакс.

Првиот човек на Советот, Петар Аневски, минатата недела одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе одговорат во првите 15 дена од рокот во кој треба да го дадат мислењето. Аневски не сакаше да прејудицира какво ќе биде мислењето, позитивно или негативно, и рече дека ќе чекаат прво да го добијат предлогот и да видат какво е образложението на Владата поради кое бара разрешување на Зврлевски. Прашан какво е неговото мислење за работата на Зврлевски, Аневски рече дека според неговото мислење „државниот обвинител беше перфектен досега“, односно дека нема никакви забелешки за неговата работа.

Доколку Советот на јавни обвинители од „оправдадни причини“ не го направи тоа во предвидениот рок, тогаш, според законот, му се даваат нови 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. Додека трае процедурата во Советот на јавни обвинители, чиј актуелен претседател е Петар Аневски, државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, има право писмено да се произнесе за предлогот на Владата за негово разрешување, но нема право да учествува на седницата на Советот на јавни обвинители, чиј член е по службена должност, на која ќе се расправа по предлогот за разрешување. На седницата не може да учествува ниту министерот за правда. Мислењето на Советот, не е обврзувачко за Владата. Сосема друга ситуација е при изборот на државен јавен обвинител, кога членовите на Советот мора да се произнесат околу секој од кандидатите пријавени на огласот. Доколку тие не му дадат поддршка на ниту еден од кандидаттие,во тој случај се распишува нов оглас.