Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За денеска попладне е закажана првата седница на новата Влада. На официјалната веб-страница нема објавено каков ќе биде дневниот ред. Според досегашната практика, се очекува една од точките да биде именувањето на кандидатите за функционерите од вториот и третиот ешалон.
Новата Влада на премиерот Зоран Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, пренесоа дел од медиумите кои се повикуваат на извори во новата влада.
Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија Бауер БГ и чини 700 илјади евра.
Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште не денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди како е изградена и на кој начин ќе се демонтира оградата. Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.