Home Актуелно Денес против КОВИД-19 ќе се вакцинираат македонските пратеници

Денес против КОВИД-19 ќе се вакцинираат македонските пратеници

Како дел од клучната инфраструктира за имунизација се и пратениците во македонското Собрание. Неодамна беа вакцинирани собраниските служби, а денес, во три групи, од 10 до 18 часот, ќе се вакцинираат пратениците.

Вакцинацијата на оваа категорија граѓани е важна за нормално функцинирање на Парламентот со цел носење на законите кои се клучни во ова време на пандемија.

Од друга страна, бројките на новозаразени бележат пад, но коронавирусот зема нови 39 жртви.

Новиот број на лица заразени со ковид е потврден со 2.596 тестови во претходните 24 часа, а 23,23 проценти од испитаниците биле позитивни.

Досега, 4.595 луѓе починале од коронавирус во Македонија, дијагностицирани се 149.221, а активни се 18.392.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 641 пациент, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 126.234.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…