Денес променливо облачно време со повремен дожд, од утре сонце


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид и Крива Паланка 14, Берво 12, Кавадарци 19 и Дојран 20 степени.

Утре повторно ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во скопје 19, Маврово 13, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 14, Дојран 22…

За време на викендот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и температури од 14 до 21 степен.