Денес пред Влада свечено ќе биде истакнато знамето од НАТО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, со свечена церемонија, пред владината зграда ќе биде кренато знамето на НАТО, а ќе биде објавено и новото уставно име на земјава, Република Северна Македонија. Знамето од НАТО ќе биде подигнато веднаш до државното, а на настанот ќе говори премиерот Зоран Заев.

Завчера вечерта, од владината зграда беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија”. Истовремено се очекува на стапување во сила на уставните амандмани така што ќе бидат објавен во Службен весник.

Потоа, Северна Македонија и Грција ќе поднесат заедничко писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутареш, дека се става крај на децениските билатерални спорови помеѓу двете земји. Потоа, генералниот секретар на ОН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ОН и сите други меѓународни организации ќе бидат информирани за промената на името.

Владата веќе формира тим за подготовка на национален акционен план во рок од седум дена за спроведување на понатамошни мерки за воведување на новото име од страна на државните институции, промена на граничните табли и на оние на дипломатско-конзуларните претставништва.