Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во присуство на полициска придружба и по список, од денес попладне во 16 часот, тутунарите за време на полициски час, ќе можат да си ги подигнат субвенциите од банкомат.
Подигањето на парите, информира министерот Димковски, започна 16 а ќе трае до 23 часот под контролиран режим од страна на МВР.
Тутунарите ќе можат да подигнат толку пари колку што им е дозволениот дневен лимит на картичката за 24 часа.
Тие што немаат картички, парите од субвенциите ќе можат да си ги подигнат утре на шалтерите во банките по азбучен ред, со цел да не се создаваат редици пред банките.
Утре парите ќе може да си ги земат тутунарите до преизмиња од А до Д. Во среда исплата ќе има за лицата со презимиња кои почнуваат од Ѓ до К. Наредниот ден пари ќе има за земјоделците чие презиме почнува од Л до Р. А во петок од С до Ш.
Во градовите каде има поголем број тутунопроизводители, банките ќе работат со продолжено работно време, по почетокот на полицискиот час.
Субвенциите за тутун се веќе легнати на сметките на тутунарите. Исплатени се над 30 милиони евра на над 19.000 тутунари за ланската реколта.