Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако денес во Собранието ќе биде изгласан протоколот за членство на Македонија во НАТО, во 16 часот пред собраниската зграда како највисок законодавен дом, на јарболот ќе биде подигнато официјалното знаме на НАТО.
Знамето на НАТО е одобрено на 14 октомври 1953 година. Најмоќната организација во светот на крајот на минатата година ја прослави својата 70-годишнина. Тогаш на јарболот каде се прославуваше годишнината, за првпат на јарболот се вееше и македонското знаме.
Веќе на сите им е јасно дека силата на оваа организација е во 5-от член од Северноатланскиот договор, каде пишува:
„Страните се согласија дека оружениот напад против една или повеќе од нив во Европа или во Северна Америка ќе се смета за напад против сите и се договорија дека доколку се случи таков оружен напад…. секоја од нив – користејќи го правото на поединечна или колективна самоодбрана, како што е дадено во член 51 од Повелбата на Обединетите Нации, преземајќи поединечно и во соработка со другите страни, – акција што ќе одговра на потребите, вклучувајќи и употреба на оружени сили, заради возобновување и одржување на безбедноста во Северноатлантската област, да возвратат сите сложно“.
Поради предвремените парламентарни избори, Македонија денеска предвреме ќе го ратификува договорот за членство во НАТО. Македонското Собрание е подготвено за свечената седница, на која пратениците ќе го ратификуваат протоколот за членство во Северноатланската алијанса.