Денес почнува судскиот процес за смртта на Тамара


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во скопскиот Кривичен суд започнува судењето на петмина членови од првостепената и пет членови на второстепената комисија во случајот за смртта на Тамара Димовска од Велес.

Обвинение е поднесено против Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец-Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малата Тамара и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова, како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение, пренесува Независен.

Тие се товарат за несовесно работење во службата, а обвинителството работело по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и законскиот застапник на Тамара.