Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес во судница е закажано првото рочиште од судскиот процес против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг, Воислав Будисављевиќ.
Тие се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, откако судот го прифати обвинението на обвинителството во кое се товарат дека зеле учество во купување и продавање на дрога – кокаин во вкупна количина од близу 700 килограми.
Денеска обвинителството и обвинетите треба да ги дадат воведните зборови пред судот.
Актерката и нејзиниот екс сопруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од мадрид и барале купувачи за истата.
Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а пак, будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот од месец декември минатата година.