Денес почнува првата фаза од олеснувањето на ограничувањата заради коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со владината одлука донесена на вчерашната седница, од денес почнува првата од трите фази на олабавување на мерките за ограничување заради превенција и спречување на ширењето на коронавирусот.

Првата фаза го опфаќа враќањето во функција на Заводот за слух и говор, центрите за обука, органите на управата, автошколите, тренинзите на отворено за индивидуални спортови, спортските обложувалници преку шалтерски систем и затворените молови без рестораните во нив.

Премиерот Оливер Спасовски на вчерашната прес-конференција соопшти дека враќањето во функција на некои стопански дејности ќе биде под строги правила, услови и критериуми за заштита на на вработените и за останатите граѓани.

Втората фаза би била транзициска и ќе вклучи отворање на угостителските објекти, но под строги мерки и протоколи кои нема да го доведат во ризик здравјето на граѓаните и третата фаза би била компелтно враќање на целиот процес на нормално живеење, односно начин на живеење кое ќе одговара на новата реалност и која ќе предвидува мерки на лична заштита, како маски и дезинфекција и физчко растојание.

Прва фаза: Конференции, состаноци, службени патувања без државен карантин

Во однос на одржувањето на состаноци, семинари и конференции, ќе мора да се применуваат посебни протоколи кои мора да ги почитуваат следните услови:

-состаноците, седниците, обуките, семинарите, конференциите и настаните ќе бидат со ограниченовреметраење од најмногу 6 часа, со задолжителни паузи на секои два часа;

-пред почетокот сите учесници треба да бидат известени дека доколку имаат какви било симптоми кои укажуваат на зараза, мора да го откажат настанот или да не присуствуваат;

– бројот на учесници ќе биде ограничен и сите ќе мора да носат опрема за лична заштита, да има физичко растојание од 2 метра и во просторијата д аима средство за дезинфекција;

-просторијата почесто да се проветрува, особено за време на паузите и се забранува групирање, а по завршувањето, просторијата треба да се исчисти, да се дезинфицира подот со средство против вируси и да има канта за отпадоци со капак.

-органите на управата можат да одржуваат состаноци и конференции со најмногу 30 луѓе, во зависност од просторијата за да се обезбеди физичко растојание од 2 метра, да се носат заштитни маски и да има средство за дезинфекција;

-на избраните и именувани функционери ќе им се овозможат службени патувања со почитување на препораките од Комисијата за заразни болести, со носење опрема за лична заштита и при враќањето нема да биде задолжителен државен.

Од денес се отвораат затворените молови, но без рестораните во нив, и притоа ќе важат строги правила и протколи и мерките за превенција за појава и ширење на заразата;

-во рестораните и кафулињата нема д аможе да се служи храна, туку ќе може да се подигнуваат нарачки преку шалтер и достава;

-ќе има ограничени работна време од 10 до 18 часот, а во неделите моловите нема да работат;

-сите мерки за заштита предвидуваат задолжително регулирање од овластено лице на бројот на посетители, за да се спречи групирање по ходници и задолжително носење опрема за лична заштита и за купувачите и за вработените;