И денес облаци, дожд и грмежи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 14 и дневна до 22 степена.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер.