Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне во североисточните и источните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Максимална температура ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе се задржи променливо облачно време, претпладне со повремен дожд, а околу пладне и со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максимална температура ќе се искачи до 16 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре попладне на места врнежите ќе бидат пообилни. Во вторник преку денот ќе има повеќе сончеви периоди. Од четврток се очекува значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег.