Денес облачно со температура до 18 степени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претпладне времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на исток. Минималните температури ќе се движат од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 15 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.