Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека претпладне, кон југ ќе има почести сончеви периоди.
Попладне, особено во планинските региони на исток и на запад, но и на север, ќе има повремени врнежи од дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со почести сончеви периоди, а попладне со услови за краткотрајна нестабилност со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 30 степени.
До среда, услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови. Од среда се очекува повторно зголемување на нестабилноста, со пороен дожд и грмежи.