Денес ново рочиште за „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес е закажано ново рочиште за предметот „Рекет“ во Кривичниот суд во Скопје.

На ова рочиште се очекува да продолжи изнесувањето на докази на Обвинителството кои биле обезбедени со посебни истражни мерки. Последното судење беше затворено за јавноста по одлука на судијката Васка Николковска Масевска.

На тоа судење беше презентирана приватна снимка од разговор помеѓу првообвинетиот Бојан Јовановски и  кој ја призна вината и доби три години затворска казна.

На таквата одлука реагирааше обвинетата Катица Јанева, а потоа и Бојан Јовановски кој побара снимката да се обелодени бидејќи како што тврди ќе го докажела неговиот однос со Кичеец и како тој наводно манипулирал со него.