Денес никој не ја исмева: Ви текнува на девојката која го отпеа најомразениот хит на YouTube?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ребека Блек во 2011 година стана позната шриум светот благодарение на песната Friday, која многу брзо ја стекна неблагодарната титула најомразена песна на YouTube.

Ребека тогаш имаше само 13 години, а Friday (петок) ја отпеа бидејќи тој е нејзиниот омилен ден од седмицата бидејќи е последен ден во школо пред викендот. Логично.

A post shared by Rebecca Black (@msrebeccablack) on

Тогаш многумина ја нападнаа Ребека со обвинувања дека е разгалено богаташко дете чии родители, за 2.000 долари, од компанијата Ark Music Factory купиле песна за својата галеничка и се обиделе да ја направат популарна, а на неа се нафрлија и голем број музички ѕвезди како Мајли Сајрус.

Денес Ребека има 20 години и уште се занимава со музика. Меѓутоа, нејзината музика денес звучи многу подобро од „најлошата песна на сите времиња“, како што многумина ја нарекоа Friday.

A post shared by Rebecca Black (@msrebeccablack) on

Освен музика, Ребека на YouTube денес објавува и влогови, а доста е активна и на Инстаграм. Неодамна се пофали дека била на најпопуларниот музички фестивал на светот, Coachella.

A post shared by Rebecca Black (@msrebeccablack) on

На Инстаграм ја следат 875.000 луѓе, па изгледа дека нејзината Friday, и покрај негативните критики, испадна корисна за неа. Нели, не постои лоша реклама.

A post shared by Rebecca Black (@msrebeccablack) on

A post shared by Rebecca Black (@msrebeccablack) on