Денес нестабилно и променливо време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Четврток носи нестабилно и променливо време, со пороен дожд, грмежи и ветар, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Во текот на утрешниот ден и в сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, велат синоптичарите.

В недела и в понеделник во попладневните часови повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Температурите ќе се движат од 20 до 32 степена.