Денес не сака да ја види, а пред 15 години Роналдо беше дел од реклама токму за Кока-Кола


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ситуацијата кога Роналдо тргна две шишиња кока-кола пред него на прес-конференција и порача на сите да пијат вода, стана една од темите на денот, не само во спортскиот свет.

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња против еден од најголемите брендови исто така на сите времиња, па овој „судир“ привлече внимание. Поради овој потег на Роналдо и акциите на Кока-кола паднаа за четири милијарди долари.

Меѓутоа дел од медиумите потсетија Роналдо пред 15 години се појави во реклама на оваа компанија.