Денес на пладне нова лидерска средба во Клубот на пратеници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Референдум со консултативен карактер, а прашањето до граѓаните најверојатно ќе биде: „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?, рече премиерот Заев вчера по завршување на лидерската средба.

Без да го прецизира форматот, тој за денес закажа нова средба во Клубот на пратеници во 12 часот. Ова е еилогот од повеќе часовната средба на лидерите на политичките партии која ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со оценка дека нема потреба да се разговара на лидерската средба во проширен сосотав.

Мицкоски ги повторил партиските ставови дека ВМРО ДПМНЕ останува на барањето најпрво да се донесат законот за финсирање на партиите и за измени во законот за влада, како и да се дадат гаранции за формирање техничка влада 100 дена пред избори, а потоа да се формира ДИК.

До крајот на средбата останале претставниците на СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ДПА, двете крила на Беса, ЛДП, ДОМ, Социјалистичка партија и НСДП.