Денес лидерски ТВ дуел на Заев и Мицкоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За денес, на телевизијата Канал 5, во рамки на емисијата „Само вистина“ ќе се одржи ТВ дуелот на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Заев денеска во Куманово повика да се следи телевизиското соочување. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го повика премиерот на ТВ дуел, рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

Ова ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.