Денес ќе се објави пресудата за случајот „Диво насеље“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Основниот суд Скопје 1 денеска треба да ја соопшти одлуката за 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација на кој им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“.

Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа 8-мина припадници на безбедносните сили, а околу 40-тина беа повредени.

Судскиот процес започна на 9 февруари 2016 година кога обвинетите членови на терористичката група што се во притвор со високи безбедносни мерки беа спроведени во судница. МВР и за денеска најави зголемени безбедносни мерки поради закажаното судско рочиште и пренасочување на сообраќајот по дел од крстосниците низ Скопје.