Денес ќе има средба Мицкоски-Ахмети


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, денеска ќе ја имаат својата прва официјална средба.

Како што најави Мицкоски, на средбата ќе стане збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има свои факти и аргументи за подобрување на животот на граѓаните и тие ќе ги презентира на средбата.

На средбата, најверојатно законот за употреба на јазиците нема да биде тема на разговор.