Денес им истекуваат мандатите: Македонија останува без градоначалници


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска им стекува мандатот на градоначалниците и на советниците во општините, а локални избори се уште не се распишани. Претставници на парламентарните партии за денеска предвидено е да се координираат за определување датум за локалните избори.

Доколку на координацијата политичките претставници се согласат за датум за одржување на локалните избори, може веднаш да се одржи собраниска седница за измени на законите со кои би им се продолжил мандатот на градоначалниците.

ЗЕЛС во два наврати апелираше дека ќе настане целосна блокада на општините, ако не се најде соодветно законско решение.

Завчера претставници на партиите во Собранието имаа средба во законодавниот дом. На средбата присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Зекирија Ибраими од БЕСА, Садула Дураку од ДУИ и Луан Треси од ДПА, но не кажаа за што разговарале.