Актуелно

Денес и утре регионална конференција ИКТ во агробизнисот

Како фармерите и агрокомпаниите да ги стават технологиите во фунција на поголема конкурентност и профитабилност, е едно од прашањата на кои треба да одговори конференцијата што денеска и утре во Скопје ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Целта на конференцијата ИКТ во агробизнисот, е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања.

Според МАСИТ, иницирањето дијалог меѓу ИКТ и агробизнис заедниците е голем предизвик. Затоа, ќе бидат покренати прашањата како двете индустрии да соработуваат повеќе и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка.

Една од клучните теми ќе биде и како ИКТ може да им помогне на земјоделците да го развијат својот бизнис.

На конференцијата се предвидени Б2Б состаноци, презентации на експерти од ИКТ и агросекторот, споредба меѓу светските и домашните трендови, како и панел дискусија на тема Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и агробизнисот.

Се очекува присуство на околу 200 учесници, претставници од ИКТ и агрокомпании,  финансиски сектор, државни институции, донаторски организации, како и експерти од областа на ИКТ и агробизнисот

На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Конференцијата се организира во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top