Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес, 16 септември, тимот од специјални јавни обвинители кои беа дел од СЈО се сели од Рузвелтова во матичните обвинителства.
Дали ќе продолжат да ги застапуваат своите предмети дополнително ќе се одлучува иако од Јавното обвинитлество за ТВ 24 брифираат дека тие ќе имаат предност при распределбата на предметите од СЈО, пренесуваат од медиумот. Први ќе бидат распредлени предметите за кои се закажани рочишта и оние кои се во судска постапка, а целиот процес се очекува да заврши за две до три недели.
Бомбите остануваат во зградата на СЈО под истиот надзор и режим на чување како и во изминатите години. Ништо нема да се менува сè додека не се донесе новиот закон за јавно обвинителство. А токму обид за приближување на ставовите за законот власта и опозицијата направија и вчера, но без успех. Кои надлежности би ги имало новото обвинителство, како би се избирал обвинителот предложен од опозицијата, но и кој би бил статусот на тоа обвинителство, остануваат како отворени прашања.
Неофицијално по вчерашниот состанок на Бојан Маричиќ од тимот на Зеав и Тимчо Мицунски од тимот на Мицкоски – напредок нема. Опзицијата најави дека до денес ќе испрати контра предлог до власта, но нема детали што тој би содржел. Велат дека најспорен за нив е начинот за изборот на обвинител што го нуди власта- бидејќи велат нема механизми дека опозицијата нема да биде изиграна. Спорен е и статусот на новото обвинителство, односно каде тоа ќе биде инкорпорирано.
Од тимот на власта само кусо велат дека нивните позиции и понудата јавно ја соопштил премиерот Заев и дека сè дополнително, како што велат, што проблематизира опоцијата е само барање причина да нема договор. Заев во интервју за Сител порача дека предлого е, опозицијата да го предложи обвинителот, но дека тој како што рече, мора да има кредибилитет, а власта контролен механзиам тоа да се случи.
По фијаското на лидерската средба во вторникот, Заев и Мицкоски се обвинуваат меѓусебе кој сака да заштити криминал – лидерот на ВМРО ДПМНЕ од предметите на СЈО или пак премиерот за аферата Рекет. Сепак порачаа дека не се откажувата од напорите да се договорат.