Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешен ден роден е Роналд Реган.
1980 година, кога стана претседател, САД беше во многу полоша ситуација во однос на 2008. Имаше инфлација од 30%, невработеност од 18%. Земјата беше поразена во Виетнам, и понижена на меѓународен план. Големите „кејнзијански умови“ од тоа време, како Пол Саумелсон, велеа дека најдоцна до 1990 година СССР ќе биде најголемата економска велесила. За него велеа дека бил полуписмен глумец кој незнаел ништо за „модерните економски“ односи.
Сепак, тој ги врати капиталистичите принципи кои САД ја издигнале во светска супер-сила. Ги намали даноците, ги намали социјалните трошоци, го ослободи капиталот од повеќето социјални регулативи, и како резултат на тоа во периодот 1981/88 се отворија 21 МИЛИОН работни места. САД во истиот период прими повеќе имигранти од било која друга високо-развиена земја, и сите изградија повисок животен стандард во однос на државите од каде доаѓаат.
20 години претходно, кога Реган говореше за нуклеарно разоружување, го правеа будала. 1987 година потпиша договор со Михаил Горбачов со кој беа укинати нуклеарните проектили од среден дострел. Тоа беше најголемото и најмасовното разоружување по Втората Светска Војна.
На крајот од 80-тите години, САД победи во економската трка со тогашната ЕЕЗ, се распадна СССР, и политиката на Реган ја воздигна земјата во единствената супер-сила на плантетата. Има луѓе кои душата ги боли кога ги слушаат овие факти, дека економската криза била победена со работа, а не со социјална политика. Особено фрустрирани на оваа тема се академските блебетала по општествени науки, на Универзитетите од Париз, до Москва. Тие сеуште млатат празна слама пробувајки да ги девалвираат придобивките од ерата на Роналд Реган.
Но како и да е, Реган ќе остане икона за сите оние кои веруваат дека слободата е основен цивилизациски предуслов за човековиот напредок.
Пишува: Виктор Трифуновски, претседател на Либертаријански Клуб Атлас