Денес е Прочка – празник на проштевањето и исчистувањето од гревовите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Датумот на кој се празнува овој празник се менува во зависност од датумот на Велигден, па Прочка секогаш се празнува седум седмици пред Велигден.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето. Во Македонија најпознати се Прилепскиот и Струмичкиот карневал.