Денес е ден на Македонската револуционерната борба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Денеска е неработен ден.

По тој повод, делегации на Собранието на Република Македонија и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Годинава нема да биде доделена државната награда „23 Октомври“. Оваа одлука е донесена на владина седница по предлог на Министерството за култура поради тоа што на комисијата за доделување на оваа награда мандатот и завршил во февруари годинава.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Христо Батанџиев во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Иван ХаџиНиколов беше формирана Македонската Револуционерна Организација, подоцна позната под имињата ТМОРО и ВМОРО. Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.