Денес е клучниот ден за трампата Милан – Јуве: Игуаин отворен за преселба на Сан Сиро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека денес може да биде „денот Д“ за комплетирање на мега-операцијата помеѓу Милан и Јувентус во која што ќе бидат вклучени Бонучи, Игуаин и Калдара.

Како што пренесува „Скај Италија“ двата италијански гиганти веќе имаат постигнато договор договор за трансферите. Договорот предвидува размена помеѓу Бонучи и Калдара и трансфер на Игуаин во Милан за 56 милиони евра.

Притоа, Аргентинецот ќе се пресели на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица за 18 милиони евра, а следното лето „росонерите“ се обврзани да го откупат за додатни 38 милиони евра.

Притоа, Бонучи веќе постигна договор со Јувентус, Калдара се договорил со Милан, па останува уште Игуаин и Милан да постигнат договор.

Наводно Леонардо веќе имал првичен контакт со агентот и брат на Игуаин, Николас, кој му потврдил дека Аргентинецот е спремен да се пресели во Милан

Во текот на денешниот ден Николас ќе има средба со раководството на Јувентус, а потоа ќе седне на преговарачка маса со Леонардо каде треба да ги договорат деталите од договорот. Милан е спремен да му понуди на Игуаин 4-годишен договор тежок 7 милиони евра по сезона плус бонуси.

Доколку се биде како што треба најдоцна до утре би требало да биде комплетирана мега-операцијата помеѓу Милан и Јувентус.